Итлијанската актерка го обвини режисерот Роб Коен дека додека работеле на блокбастерот „Брзи и бесни“ тој сексуално ја злоупотребувал. Инаку Азија е првата актерка која го обвини Харви Вајнстајн за сексуална злоупотреба, а сега во интервју за „Варајети“ ги потврди обвиненијата и против Коен.
– Ова е прв пат да зборувам за Коен. Ме злоупотреби, ме натера да пијам ГБХ, имаше цело шише со тоа – открива актерката и објаснува дека станува збор за брзодејствувачка дрога која се користи при силување.
– Немав поим што е тоа. Се разбудив утрото гола во неговиот кревет – додава таа.
Според неа настанот се случил во 2002 година додека го снимале „Брзи и бесни“, со актерите Вин Дизел и Семјел Л. Џексон. Актерката долго молчела за овој немил настан, но откако две жени прозбореа против Коен, реши и таа да излезе јавно.
Имено, Коен во 2019 година анонимна жртва преку весникот „Хафингтон пост“ го обвини за сексуален напад доека била во несвест. Настанот наводно се случил во 2015 година, откако Коен ја поканил на состанок за снимање една телевизиска серија.
Во меѓувреме компанијата на Харви Вајнстајн, кој отслужува 23 годишна затворска казна, доби судски налог да им исплати на жртвите 17 милиони долари. Овие пари се одобрени откако судија прогласил банкрот на компанијата и наредил да се замрзнат сметките. Но, ако жените решат да продолжат со судска битка, како што најавија, тие пари ќе ги изгубат.