Најмалку 49 ерменски војници загинаа во судирите на границата со Азербејџан, изјави премиерот на Ерменија, Никол Пашинјан.

– Во моментот има 49 загинати (војници) и за жал тоа не е конечниот број, истакна Пашинјан во Парламентот.

Според медиумите азербејџанската армија утрово изврши напад на пет до шест места.

Пашинјан претходно од претседателите на Русија и на Франција, Владимир Путин и Емануел Макрон и од американскиот државен секретар Ентони Блинкен да реагираат на „агресијата од Азербејџан“.

Министерството за одбрана на Ерменија објави и дека Москва и Ереван се обврзале да преземат мерки за „стабилизирање на ситуацијата“ на границата меѓу Ерменија и Азербејџан.

Ерменија и Азербејџан со посредство на Русија во ноември 2020 година потпишаа мировен договор, по поразот на ерменските сили во шестнеделната војна за Нагорно-Карабах, при што загинаа повеќе од 6.500 луѓе. Со тој договор, Ерменија изгуби контрола врз дел од Нагорно-Карабах и околните области во Азербејџан по повеќе од 25 години.