28-годишен Авганистанец нападнал група деца од градинка во парк во Ашафенбург, Баварија. Нападот го извршил со нож, а убил двегодишно момче од Мароко и 41-годишен маж кои му се спротивставиле. Тој ранил двегодишно девојче од Сирија во вратот и случаен минувач (61) во градите. Воспитувачката паднала додека трчала и си ја скршила раката. Повредените не се во животна опасност, пишуваат германските медиуми.

Властите велат дека напаѓачот дошол во Германија во ноември 2022 година и не добил азил и требало да биде депортиран. Во декември и самиот кажaл дека ќе ја напушти Германија, но останал. Тој и претходно и бил познат на полицијата за најмалку три случаи на насилство, а потоа бил упатен на лекување, пренесуваат тамошните медиуми.

Канцеларот Олаф Шолц го коментираше нападот, велејќи дека станува збор за „терористички чин“.