Британскиот атлетичар Си Џеј Ујах, кој беше позитивен на две забранети супстанци на Олимписките игри во Токио 2020, e суспендиран на 22 месеци од сите спортски настани.
Суспензијата започнува на 6 август 2021 година, кога тој беше позитивен на тестот, а ќе заврши на 5 август 2023 година. Ујах беше дел од штафетата на Велика Британија 4 x 100 метри која освои сребро на тој олимписки настан. И како резултат на тоа, и спортистот и сите британски штафетни спортисти го загубија сребрениот медал што го освоија на Олимписките игри во Токио.
Сепак, докажано е дека допингот на британскиот спортист не бил намерен, туку настанала поради консумирање неконтролирана храна. Казната требаше да биде 24 месеци, но беше намалена за два месеци, бидејќи и самиот спортист ја призна грешката.