Некогаш сериозно квалитетниот и вреден 76 милиони евра играч за врска, Артур Мело во моментов е тема на шок и неверување во негативна смисла. Тој пред само десетина дена во паничен обид да се засили тимот, беше доведен во Ливерпул на позајмица од Јувентус. Бразилецот пристигна одигра десетина минути како замена и е отпишан од страна на Јирген Клоп како непотребен.
Неверојатниот потег за светски професионални фудбалски рамки доаѓа по очигледно непрофесионалниот однос на бразилецот, кој има само 26 години и кој според Клоп и неговиот стручен штаб воопшто не заслужувал да биде на ова ниво во моментов.
Позајмицата која Ливерпул на хартија го чини 4.5 милиони евра е раскината и Артур на 1 октовмри ќе треба да се јави во Торино на тренинг на Јувентус. Можеме само да замислиме каков статус ќе има тој таму и дали некогаш сезонава воопшто ќе добие шанса за настап.
Извор: sportmedia