Ракип Дочи, поранешен висок функционер на ДУИ, кој беше и директор на скопски „Комуналец“, поддржувајќи ја иницијативата на „огнената група“ на таа партија која прстот за неединство го впери кон Артан Груби, предупредува дека откако партискиот лидер застана зад Груби, дека ДУИ ќе биде на патот, по поразот од Беса во Тетово, да ги загуби позициите и во Скопје, а оттаму, вели, се отвораат повеќе бездни.
-Никој нема право да се крие зад ликот на Али Ахмети, но тоа право го ужива Артан Груби, вели Дочи и нагласува дека ДУИ не може да биде ничија сопственост, бидејќи „тоа е тврдината градена од 2002 година со потта на многуброни активисти, тоа е замок, кој никој не смее да го земе“.
Како што анализира Дочи, летово, за поразот на локалните избори во Тетово, не е директно виновен лидерот, туку дека носителот на неуспехот е Артан Грбуи.
-Ако тој факт и натаму се толерира, утре може да се доживее пораз и во Скопје и пошироко. Така што оваа иницијатива е обид да се спаси ДУИ и конкретно неприкосновениот лидер Али Ахмети“, вели Дочи.