Градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска на престижниот состанок на градоначалници на главни градови во рамки мрежата на 80 балкански градови B40, учествуваше на средбата на Извршниот одбор каде се носеа одлуки насочени кон зајакнување на градењето капацитети и соработката на градовите.

Од Град Скопје информираа дека во рамки на настаните на мрежата на градови В40, Медитеранскиот Универзитет на свечена церемонија на градоначалничката Данела Арсовска и ја доделил титулата Doctor Honoris Causa, за исклучителниот придонес и посветеност во областа на економијата и социјалниот активизам, како и за нејзината заложба за одржлив развој, промовирање на соживот, развој и мултикултурализмот. На церемонијата на доделување на титулата присуствувале академици, амбасадори, градоначалници, политичари и дипломати.

Претседателот на Медитеранскиот универзитет академик проф. д-р Анастас Анѓели, кој ја додели титулата Doctor Honoris Causa, истакна дека Арсовска во фокус на своето делување ги има почитта кон различностите, инклузивноста и докажува дека солидарноста и единството се основа на одржливиот развој во општеството. Покрај Арсовска, од Универзитетот титулари се и Тедрос Аданом Гебрејсус Генералниот Директор на СЗО, Теодорос Пангалос како Вицепремиер и Министер за надворешни работи на Грција и Дритан Абазовиќ како Премиер на Црна Гора.

Во рамки на настанот на мрежата на балкански градови В40, градоначалниците на Истанбул, Атина, Софија, Сараево, Скопје, Тирана, Приштина, Измир и Чанаккале, во соработка со експерти од САД и Велика Британија отпочнуваат со заеднички проект за иновативни решенија и стратегии за соработка на градовите кои имаат слични предизвици.