Новата градоначалничка на Скопје, Данела Арсовска го раскина договорот за новогодишно украсување на Скопје, дознава „Фокус“.

За ова се очекуваат повеќе детали на најавената прес-конференција во 13:30 часот.

Украсувањето ќе чини 243.000, а договорот ексградоначалникот Петре Шилегов го потпишал со фирмата „Линк медиа плус“.

Оваа фирма била единствена која доставила понуда на јавниот повик, кој беше објавен во септември.