Офанзивниот играч на Интер, Лаутаро Мартинез, се најде на листата со желби на Арсенал.

Лондонски Арсенал сака да влезе во новата сезона со многу подобар тим отколку што имаше во последната, а еден од оние играчи за кои „топџиите“ веруваат дека ќе ја подигнат нивната игра на повисоко ниво е Лаутаро Мартинез.

Според „Телеграф“, лондонскиот клуб испратил официјална понуда до Интер, но висината на понудата не е позната.

Се чека одговорот на Интер, а бидејќи тимот од Милано има најголеми амбиции следната сезона, тешко дека ќе се реши за продажба.

Минатата сезона Лаутаро Мартинез обезбеди одлични игри. Аргентинецот одигра 38 натпревари во Серија А и постигна 17 голови, на кои додаде шест асистенции.