Антички гробишта со 40 мумии сместени во камени саркофаги со човечки лица неодамна се откриени во долината на Нил, а помеѓу нив и еден женски приврзок за ѓердан со хиероглифски натпис “среќна нова година” – објави Египетското Министерство за антиквитети.

Археолозите, кои ги започнаа ископувањата на локалитетот минатата година, пронајдоа гробови на свештениците на Тот, античкиот бог на месечината и мудроста, како и членовите на семејството со нивните имиња испишани со хиероглифи.

Гробницата, која е стара повеќе од 2.000 години, беше откриена во градот Минја, јужно од Каиро, а содржи канопични вази и други погребни предмети.

Станува збор за северната област на Туна ал Габал, археолошки локалитет на работ на западниот пустиг на Египет и е најновото откритие во областа позната како домот на древните египетски катакомби.

Египетските антиквитети привлекуваат посетители од целиот свет, а властите се надеваат дека новите пронајдоци ќе привлечат уште повеќе за да помогнат во развојот на туризмот.