Аргентина даде одобрување за употреба на руската вакцина против коронавирусот, пренесуваат тамошните медиуми.
Информацијата ја потврди и Рускиот фонд за директни инвестиции, произведувач на руската вакцина. Аргентина претходно ја одобри употребата на вакцината на Фајзер. Аргентина е прва латиноамериканска земја која и официјално ја одобри вакцината „Спутник V“.
Вакцината официјално е одобрена за итна употреба врз основа на резултатите од третата фаза на клиничките тестирања спроведени во Русија и без дополнителни тестирања во Аргентина, се вели во соопштението на Рускиот фонд.
Како што јавуваат руските и аргентинските медиуми, во Москва веќе се наоѓа авион од Аргентина кој пристигнал по руските вакцини.