Со почетокот на претседателската кампања, коалицијата ВЛЕН (ВРЕДИ) синоќа имаше отворање на Изборниот штаб во Дебар.

На отворањето на Изборниот штаб, претседателскиот кандидат Арбен Таравари зборуваше за програмата, поточно за Уставот на Северна Македонија.

-„Еден од четирите столба на нашата претседателска програма е Уставот. Знаете дека Уставот на Македонија, кој беше изгласан во 1991 година, не беше изгласан од Албанците и никогаш не беше поддржан од Албанците. Покојниот Арбен Џафери рече, Уставот е генератор на политички кризи во Македонија и така беше, ова беше вистината се додека не се случи конфликтот во 2001 година и овој Устав беше завршен и изменет, но Охридскиот договор никогаш не е целосно имплементиран. Дури и до денес главниот столб од Охридскиот договор беше фискална децентрализација и тоа не се случи, само на хартија и никогаш не спроведено“, рече Таравари.

Таравари рече дека со уставните измени коалицијата ВЛЕН мора да предвиди отстранување на 20 отсто за албанскиот јазик и избор на претседател преку собранието.

„Го споменавме и изборот на претседател со гласање во Собранието, Македонија е парламентарна демократија, претседателот во Македонија има исти овластувања како и претседателот во Косово, Албанија, Грција, Германија и секаде каде што се избира претседател во парламентот. Нашиот услов е претседателот да се избира во Собранието со 2/3 од гласовите и со Бандентер и ако не може двапати да се реши, третиот пат да се направи со просто мнозинство или 61 пратеник и со Бадентер, рече Таравари.

Според Таравар, промената ќе се случи на 9 мај, еден ден по изборите Македонија ќе има нова Влада. „Промената ќе се случи 100%, имаме дилеми во разликата, Изети, Билали и Африми се многу пооптимисти од два спрема еден, велам уште неколку пратеници секако, но тоа зависи и од работата и посветеноста што ќе ја направи, но знајте дека на 9 мај со Денот на Европа ќе имаме нова Влада“, рече Таравари.