Новинарката Јета Џара, поканета во „Емисија 200“ на Алсат, вели дека очекувањата на граѓаните на Косово за следната влада по 14 февруари е бескомпромисна борба против корупцијата. Според неа, граѓаните очекуваат следната влада да ја искорени корупцијата од здравството, образованието и судството.
„Повеќето луѓе сакаат да се обединат околу некое прашање или да се обединат за да се урне корупцијата. Многу е добро што луѓето конечно решија да ги остават своите разлики на мира и да видат што е приоритет за нас граѓаните. За нас, граѓаните приоритет е корупцијата во Косово, ако корупцијата доаѓа од здравството, образованието, правдата, тогаш тоа е наш приоритет. Конечно, партија одлучи да оди со некој што не ги дели сите вредности 100 проценти, но за наше добро, нам граѓаните ни одговара, зошто? Затоа што тогаш ќе имаме постабилна влада да се бори против она против коешто сакаме да се бориме“, вели Џара.
– Advertisement –