Иако јапонскиот стил на родителство е различен од нашиот, можеме да „украдеме“ неколку трикови од оваа далечна земја од Истокот, бидејќи тие се покажаа како многу ефикасни во воспитувањето деца.
Јапонските деца се меѓу најздравите и најсреќните во светот, откри истражувањето објавено во научното списание „Лансет“. Резултатите од истражувањето исто така открија дека јапонските деца имаат најдолг животен век.
Иако јапонскиот стил на родителство е малку поразличен од нашиот, постојат неколку општи трикови кои дефинитивно не е лошо да ги испробате ако досега не се сте обиделе да ги промените во воспитувањето на вашето дете.
Пофалбa за напор, а не за способност
Во Јапонија, детето секогаш е пофалено за неговата работа, а не за неговата способност како истата ја извршува. Овој начин на охрабрување и пофалби важи дури и кога детето има проблем со справувањето на обврската, бидејќи родителите веруваат дека по пофалбата ќе се обиде да ја исполни уште повеќе.
Почит, на прво место
Малку е веројатно дека ќе видите како јапонско дете има испади на гнев среде продавница. Јапонските родители ги учат децата уште од рана возраст да бидат полни со почит кон постарите лица и да размислуваат како нивното однесување влијае на другите.
Ако не е далеку, прошетај
Во Јапонија е најнормално да се гледаат мали деца кои одат на училиште сами. Повеќе од 98 проценти од децата одат до училиште, според Светската здравствена организација. Општо, ова правило важи само во Јапонија, па родители уште од самиот почеток ги учат своите деца како можат да стигнат до повеќето места користејќи ги нозете. Ако не е далеку – прошетај!
Без викање
Во Јапонија, тоа е дисциплина на „шитсуке“. Зборот може грубо да се преведе како „образование“. Наместо да викааат по децата, во јапонското дисциплинирање на децата, секогаш важи правилото да се посочи детето на размислување за последиците од она што го сторило и самото да увиди каде е грешката.
Независност од самиот почеток
Од рана возраст, децата во Јапонија се учат да бидат независни и полни со самодоверба. Затоа, јапонските деца им помагаат на своите родители во домашните работи од почеток и продолжуваат со такви навики во градинка и училиште.
Преземено од Еспресо.мк