Поранешниот словенечки министер за надворешни работи Анже Логар освои најмногу гласови во првиот круг од претседателските избори во Словенија во неделата, покажаа неофицијални резултати по речиси сите пребројани гласови, но недоволно за да се избегне вториот круг, во кој ќе се соочи со Наташа Пирц Мусар.
Логар (46), кандидатот на опозициските конзервативци од Словенечката демократска партија (СДС) на Јанез Јанша, за три недели, во вториот круг ќе се соочи со независната кандидатка Наташа Пирц Мусар (54), поранешна новинарка и адвокатка специјализирана за заштита на личните податоци.
Според делумните неофицијални резултати по речиси сите преброени ливчиња, Логар во првиот круг освоил 33,96 отсто од гласовите, а Пирц Мусар 26,87 отсто.
Третото место го зазеде Милан Брглез (15,41 отсто), потоа Владимир Пребилич (10,66 отсто), Сабина Сенчар (5,95 отсто), Јанез Циглер Краљ (4,35 отсто) и Миха Кордиш (2,80 отсто).
Одѕивот на гласачите бил 51,06 отсто.