Поради анонимна закана за поставена бомба, од утрово се затворени двата терминала на аеродромот во Софија, јавија бугарските медиуми.

Аеродромот бил алармиран околу девет часот по локално време, но не е прецизирано за кој од двата терминали станува збор.

Поради таа причина и од двата терминала се евакуирани лица, соопшти прес-центарот на Министерството за внатрешни работи, што во моментот спроведува истрага.