Македонскиот фудбалски репрезентативец Јани Атанасов го напушта Хајдук Сплит и прави трансфер во полскиот прволигаш Краковија. Хрватскиот клуб ќе добие отштета од 300.000 евра, а Атанасов ќе потпише договор на 3,5 години.
Краковија во моментот се наоѓа на средината на табелата во првенството на Полска. Клубот е на осмата позиција со 25 освоени бода.
Атанасов имаше понуди и од германскиот Карлсруе и од португалскиот Жил Висенте, но на крајот сепак ја одбра Краковија како своја следна дестинација во кариерата.
Фудбалерот за врска од 2020 година го носи дресот на Хајдук Сплит за кој одигра 51 натпревар и постигна четири гола./Makfax/