Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти е убеден дека неговиот тим заслужил да го победи Атлетико Мадрид.

Екипите синоќа ремизираа 1:1 во дербито на 23. коло во шпанската Ла Лига.

– Мислам дека тоа беше многу добар натпревар од наша страна. Добро го контролиравме натпреварот, но немавме среќа и примиме голот во последната минута. Заслуживме да победиме и самите добивме многу натпревари во последните минути, така што не можеме да се обвинуваме за ништо. Имаме многу добар тим, играме многу добар фудбал – ова ми дава најголема самодоверба во иднината. Сакам да ја истакнам посветеноста на сите играчи. Кога секој дава максимум, полесно е да се постигне успех, изјави Анчелоти.

Реал по 23 кола е лидер во поредокот со 58 бода, два повеќе од Жирона и осум од третопласираната Барселона. Атлетико е на 4.место со 48 бодови.