Во домот на поранешната тенисерка Ана Курникова и пејачот Енрике Иглезијас овој викенд помина во славеничка атмосфера. Нивната помала ќерка Мари го прослави својот прв роденден.

Instagram

Преслаткото девојче кое со својата руса коса и сините очи, неверојатно наликува на својата мајка, на фотографијата што ја постираше Курникова, позира во бело фустанчле.

Ана објави и видео кое е снимено на терасата на нивниот дом кој се наоѓа покрај брегот на океанот. На снимката тенисерката разговара со маклечката Мери.

Откако прво на англиски ја прашува: „Што е тоа?“, Ана Курникова продолжува да ѝ зборува на Мари на руски јазик.

Освен Мари, Ана и Енрике ги имаат и тригодишните близнаци Луси и Николас.