Американка од Пенсилванија загина во напад на ајкула на Бахамите, соопшти полицијата.
Ајкула нападнала 58-годишна патничка на американски брод за крстарење додека таа нуркала во водите околу Бахамите, соопштија официјални лица, а пренесува АП.
Според полицијата, семејството изјавило дека жртвата била нападната од бик-ајкула.
Членовите на семејството и вработените во туристичката компанија ја извлекле жената и таа била пренесена на копното на островот Њу Провиденс, каде што била прогласена за мртва, соопшти полицијата.
Како што додале, жената се здобила со повреди на горниот дел од телото, јавува „Ројтерс“.
Инцидентот доаѓа еден месец откако осумгодишно момче од Велика Британија минатиот месец преживеа напад од три ајкули на Бахамите.