Странските дипломати во земјата имаат неподелено мислење дека разговорите за надминување на спорот со Бугарија треба најбрзо што може да продолжат и да завршат со цел Северна Македонија да започне преговори за членство во ЕУ.

Ова е заклучок од редовниот годишен состанок со премиерот Зоран Заев со шефовите на дипломатските мисии на земјите-членки на ЕУ во земјава предводени од евроамбасадорот Дејвид Гир.

Заев се согласил дека дијалогот со Бугарија треба да продожи во духот на меѓусебно почитување преку поинтензивна меѓу-секторска соработка.

„Истовремено остануваме цврсто определени за одредени прашања, кои се наши црвени линии, како што е македонскиот идентитет и македонскиот јазик, за нив не преговараме“ додал премиерот.

Тој пред амбасадорите детално информирал за реформите во правосудството, борбата против корупцијата и реформите во јавната администрација.