Алкараз, тенисерот број еден во светот на АТП листата, минатата недела во четвртфиналето на Мастерсот 1000 во Париз го повреди стомачниот мускул, поради што ќе отсуствува до крајот на сезоната. Надал, вториот играч во светот, пред три недели му најави на селекторот дека нема да игра.
Него во шпанската репрезентација ќе го замени Педро Мартинез Портеро, 61. играч на АТП листата. Тој го имаше своето деби во Дејвис купот во двојки оваа сезона.
Тренерот Серхи Бругуера во тимот ќе ги има и Пабло Карењо Буста (13. АТП), Роберто Баутиста-Агут (21.), Марсело Гранољерс (16. на АТП-листата во двојки) и Алберто Рамос (39.).
Шпанија и Хрватска ќе играат на 23. ноември во Малага. Минатата година Хрватска загуби од Русија во финалето одиграно во Мадрид. Шпанија ја освои последната титула во 2019 година./Topsport/