Tалентираниот тенисер од Мурсија, Карлос Алкараз неславно ја почна четвртата недела на самиот врв на АТП листата. Талентираниот тенисер од Мурсија се „лизна“ на стартот на АТП 500 турнирот во Астана, главниот град на Казахстан.
Освојувачот на УС Опен „заринка“ во првото коло во дуелот со Давид Гофан, кој преку квалификациите стигна до главната ждрепка. Алкараз го загуби дуелот со 0:2 (5:7 и 3:6).
На овој турнир на 5 октомври ќе стартува и Новак Ѓоковиќ кој во првото коло ќе игра со Чилеанецот Кристијан Гарин./Sportmedia/