Компанијата Алкалоид ја заокружи 2020 година со 210 нови вработувања и инвестиции во износ од над 1,5 милијарди денари. На крајот на годината во Алкалоид биле вработени 2.392 лица од кои 560 во странство. Од компанијата велат дека имаат раст и на продажбите на производи од 9 проценти, а вкупната заработка била нешто над 149 милиони евра. Најголем удел од продажбата се остварени на странските пазари – 65 отсто и 35 проценти на домашниот.
– Advertisement –