Репрезентативецот на Македонија, Езѓан Алиоски го одработи првиот тренинг со Фенербахче. Алиоски во турскиот тим доаѓа на едногодишна позајмица од Саудиска Арабија. Се надева дека ќе добие шанса за настап на утрешниот натпревар против Словачка, прв од квалификациите за третото коло во Лига Европа. Турските медиуми пред неколку дена објавија видео каде играчите на Фенербахче го пречекаа Алиоски на турски јазик.

Advertisements

Турскиот тим „Алањаспор“ е заинтересиран да го доведе Ердон Дачи од белгиски Вестерло. Дачи веќе има искуство во Турција, бидејќи од 2017 до 2021 година настапуваше за Коњаспор од каде замина во Белгија. Дачи, минатата сезона беше еден од одлучувачките играчи поради кои Вестерло успеа да влезе во елитата на белгискиот фудбал, откако на 25 одиграни натпревари постигна 10 гола. Тоа придонесе Дачи да биде дел од македонската репрезентација, во дуелите со Италија и Португалија, во квалификациите за Светското првенство „Катар 2022“.

Мевлан Адили пак, ја започна својата нова авантура во рускиот фудбал, потпишувајќи за екипата „Ска Кабаровск“ која игра во втора лига. Рускиот клуб го претстави Адили како играч со искуство на меѓународни турнири, но и освојувач на две шампионски титули во С Македонија и два Купа во Албанија.

Махир Тачи

Прикажи повеќе