Албанскиот претседател Илир Мета се судри со полицијата во Тирана. Инцидентот се случи откако општинската полиција побара ослободување на канцелариите на партијата Нов демократски дух во чија посета во моментот беше Мета. Претходно Општина Тирана преку писмо испратено до лидерот на партијата Сали Шеху објасни дека треба да се интервенира за одржување на просториите бидејќи просторот е сопственост на општината. Но, ситуацијата ескалираше кога на главната врата беше ставено барањето за итно напуштање на просториите поради реновирање“. Видеото покажува дека имало и вербални навреди и пцовки.

– Advertisement –

Прикажи повеќе