Финансиските податоци за 100-те најголеми рабтодавачи во компаниите од приватниот сектор (без банки и осигурителни друштва) покажуваат дека, грубо пресметано, секоја осма од нив била во загуба во 2021 година, пишува порталот „Пари“ во нивната анализа направена во соработка со платформата БизнисМрежа.мк.
Имено, загуба имаат 12 фирми кои се наоѓаат на листата на 100 најголеми работодавачи. Нивната вкупна загуба е 28 милиони евра, а во овие компании работат 5.800 работници! Ако се бара добрата во лошата вест – факт е дека загубари нема меѓу првите 19 најголеми работодавачи, а таму се компаниите каде бројот на работници надминува по 1.000 вработени, при што на самиот врв, кај прворангираниот работодавач – Дрекслмајер мануфактуринг Македонија ДООЕЛ – достигнува 5.626 вработени.
Од овие загубари, со најмногу вработени – 683 е ТАВ Македонија. Очекувано, авионскиот сообраќај имаше значителен пад во време на пандемиските 2020 и 2021 година, па и компанијата која управува со скопскиот и со охридскиот аеродром имаше загуби од 6,6 милиони евра во 2020 и 3,1 милиони евра во 2021 година.
Повеќе на следниот ЛИНК: