Кривичниот совет утре ќе одлучува по жалбата која адвокатот на Мухамед Зеќири ја поднесе за 30 дневниот притвор. Зеќири е од петокот во Истражниот затвор во Шутка, откако Кривичниот суд го прифати барањето на Обвинителството – да му биде одреден притвор поради опасност од бегство, повторување на делото и влијание врз сведоците. Адвокатот на Зеќири рече дека во жалбата ги побива сите основите за одредување на  притворот.

Хрватските државјани опфатени во истрагата на Обвинителството за организиран криминал се уште се недостапни за органите на прогонот. Надлежната обвинителка Катерина Коларевиќ кажа дека според оперативните сознанија од МВР, тие ја напуштиле државава.