Украински волонтери се вооружуваат за да се приклучат на борбената линија против руските трупи кои се прегрупираат за да започнат голема офанзива во источна Украина.
Западно од градот Краматорск, каде што во петокот ракета погоди железничка станица полна со евакуирани лица, резервистите се подготвуваат за борба, некои за прв пат.
Волонтер вели дека сите се исплашени, но според него ова е нормална работа кога земјата е во војна.
„Сите се по малку исплашени. Ова е нормално, ова е војна. Никој не е сигурен дека ќе се врати дома. Да. Никој не е сигурен дека ќе ги види семејството, својата девојка и другите. Значи, сите треба да се плашат“, Вандал, волонтер
Припадник на украинската армија рече дека имаат доволно луѓе, но во однос на оружјето тој вели „би било убаво да има повеќе“.
„Ни треба се повеќе и повеќе оружје. Би било убаво да имаме повеќе. Повеќе, повеќе. Имаме доволно луѓе. Тие се херои“, Роман, војник
Во близина, некои резервисти и волонтери се обидуваат да поправат напуштен руски тенк.
„За време на Втората светска војна овде се случи најголемата битка со тенкови и мислам дека историјата овде ќе се повтори. Овде ќе има многу трупи. Ќе биде вистинска војна“, Виталиј, потполковник
„Античко или не античко, главната работа е оружјето да работи. Во наши раце функционира се, и стап ќе пука, користиме се што ни се дава“, изјави Алекси Голубничиј, резервист
Украинскиот претседател Володимир Зеленски го повтори своето барање за повеќе оружје од Западот, но исто така ги повика жителите на источна Украина да се евакуираат додека Русија се подготвува за нова офанзива за преземање на контролата врз источниот дел на земјата. /Алсат.мк
Исуф Кадриу