Синот на Муамер Зукорлиќ и претседател на Партијата за правда и помирување Усама Зукорлиќ на вонредна прес-конференција изјави дека лабораториите од странство констатирале дека Муамер Зукорлиќ не умрел од природна смрт и дека постои можност де е отруен со тешки метали.

-Поминаа пет месеци и четири дена од смртта на починатиот академик муфтија Муамер Зукорлиќ. Јас и моите најблиски во ниту еден момент не се помиривме со фактот дека нашиот великан почина без надлежните институции официјално да ја утврдат причината за смртта. Во хаосот што нè зафати тој ден, малку луѓе останаа присебни. Оние кои беа присебни тој ден, пред погребот, земаа примерок од покојниот муфтија. Нам, на семејството, ни требаше долго време да најдеме соодветни лаборатории во странство каде што ги правевме потребните испитувања. Ги добивме следниве резултати од две независни лаборатории:

Првата лабораторија утврдила дека постои голема веројатност лицето чиј приперок е земен да е затруено со тешки метали. Друга лабораторија констатирала дека, врз основа на примерокот што го добиле, лицето е отруено со храна. Истражувањето спроведено од семејството е основа за сомнеж дека починатиот академик муфтија Муамер Зукорлиќ не умрел од природна смрт. Затоа ќе покренеме истрага на највисоко ниво пред надлежните правосудни органи на Република Србија за дефинитивно да се утврдат причините за смртта на нашиот татко и водач, кој беше потпретседател на Собранието на Република Србија во моментот на смртт, изјави Усама Зукорлиќ.