Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 2.046 тестови, а регистрирани се 142 нови случаи на КОВИД-19. Од вкупниот број на позитивни, регистрирани се 28 реинфекции. Во текот на изминатите 24 часа, регистрирани се 4 починати лица. Согласно Регистарот на починати лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, дополнително се пријавени 3 починати лица. Во изминатото деноноќие оздравеле 105 пациенти. Бројот на активни случаи изнесува 1.381.