Советниците на премиерот никогаш не треба да ги квалификуваат македонските Бугари како малцинство. Ова може да го крене во воздух целиот процес на европска интеграција на РСМ, изјави претседателот на Бугарија, Румен Радев запрашан за спорот со Македонија и ветото за членството во ЕУ, пренесува агенцијата БГНЕС.

Тој вели дека ставот на Бугарија за евроинтеграциите на Република Македонија се заснова на резултати, а не на услови увезени од странство. Секое отстапување на власта од бугарскиот национален интерес ќе предизвика нова криза на власта, предупреди Радев.