Како што дознава „Фокус“, од добрупатени извори, станува збор за договор поврзан со Македонски Пошти, поточно за изработка на фезибилити студија за приватизација на Пошти. Оваа физибилити студија беше најавена од Владата кон крајот на 2020 година потребна за продажба на Македонски Пошти. Односно од неа требаше да се утврди дали ќе се оди со приватизација или со јавно приватно партнерство.

„Владата ги задолжи заменикот на претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, министерот за економија и директорот на Национални пошти да иницираат поодготовка на физибилити студија за можностите за отпочнување на постапка за преземање на компанијата со јавно-приватно партнерство или со приватизација за да продолжи процесот на либерализација на поштенските услуги во земјата согласно регулативата на ЕУ“, се наведуваше во владиното соопштение од 2020 година.

Превземено од Фокус.мк