Градот Скопје започнува со реконструкција на улицата „Славка Динкова“ во населба Драчево ќе издвои 50.5 милиони денари.

-По 30 години за првпат ги решаваме истакнатите значајни проблеми на ул. „Славка Динкова“. Ги слушаме барањата на граѓаните и посветено работиме на обезбедување на ефикасни и безбедни решенија кои пред се нудат квалитетни услови за нивно функционирање.

Токму затоа ова е еден од приоритетните проекти кои беа ветени, а во следниот период започнуваме да ги реализираме. Градот Скопје со 50.5 милиони денари ќе реконструира со нова асфалтна површина која опфаќа и нова атмосферска канализација.

Со оваа реконструкција ќе го олесниме функционирањето и движењето на граѓаните и ќе се реши едно децениско прашање на барање на жителите на Драчево, изјави градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска.