Поранешниот пратеник од граѓанскиот сектор, во во коалиција со СДСМ се огласи на социјални мрежи на барањето на ВМРО-ДПМНЕ за оставка на Владата поради обвинението за генералниот секретар Драги Рашковски.

-Многу ми е смешно кога пајташите на вмро бараат оставка на Влада и предвремени избори секогаш кога има постапка против функционер од власта.

Зошто?

Најозбилно прашувам. Зошто би ја менувале власта во чиј мандат се гонат функционерите, со онаа која ќе убиваше пратеници и ќе предизвикаше граѓанска војна, само за да ги спасат своите, пишува Богоевски.