„Некогаш ДУИ дава лоши примери со наградување на несупехот, таков пример е поранешната градоначалничка на Тетово, Теута Арифи.Таа беше два мандати градоначалник и немаше уепех со политиката на локално ниво по однос на општината и сега откако ги изгуби изборите ДУИ ја именуваат за амбасадор овој потег не е добар потег“, изјави Антонијо Милошоски член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ во емисијата „Само Интервју“.
„Не треба еден неуспешен градоначалник на кого не му веруваат граѓаните од Тетово да биде амбасадор и да ја претставува земјата во ЕУ“, вели Милошоски.
Во однос на изборот на Фрчковски за амбасадор на ОН, пратеникот од опозицијата вели дека со промена на власта професорот ќе биде разрешен од таа позција.