Министерот за надворешни работи Бујар Османи е во Брисел на дводневен НАТО состанок.

Османи преку социјалните мрежи напиша:

-Силна порака за единството на Алијансата за заштита на европската и трансатлантската безбедност. Обединетост на сите сојузници во осудата на Русија и повикот за прекин на воените дејствија.

Во присуство на украинскиот министер за надворешни работи, Дмитро Кулеба, изразена солидарност со Украина и недвосмислена подготвеност за зајакнување на поддршката од сојузниците на сите можни начини: политички, економски и воено.

Новиот Стратешки концепт на НАТО треба да одговори на новата геополитичка реалност и променетата безбедносна средина, како и да постави јасна стратешка визија за Алијансата во периодот што следи.

Eвроатлантската и европската интеграција на земјите од регионот е безбедносно прашање и алатка за зајакнување на стабилностa. Јасен повик до ЕУ за што поскоро започнување на пристапните преговори со Северна Македонија и Албанија, што е од круцијално значење за зачувување на регионалната и европската безбедност.