На Светскиот ден на здравјето – 7 април, Здружението на приватни лекари излегоа на мирен протест пред Министерството за здравство.

Меѓу другото, тие бараат капитационен бод од 90 денари, промена на режимот на лекови и важење на препораките за хронична терапија, да се промени казнената политика, електронско здравство, како и да се променат буџетите за специјалисти и лаборатории.

Министерот Сали ги посети, им даде пофалбиници, но тие ги вратија. Велат во некои други подобри времиња ќе ги примат.