Вработени во државната упава и во правосудството денеска точно во 10 часот излегоа на двочасовен штрајк незадоволни затоа што власта не го прифати барањето за зголемување на платите.

Двочасовен прекин на работата од 10 до 12 часот ќе има и утре, како предупредување до Владата за можноста и од генерален штрајк. Од УПОЗ велат дека врз одредени синдикални организации имало притисоци да не го прифатат повикот за прекин на работата. Упатена е пораката дека ниту еден вработен не смее да биде казнет.

„Уште има вработени кои примаат под минималната плата, а нашето барање е секој работник да ја добие својата законска плата, минималната плата да важи и за овие вработени, а платите да бидат лидеарно зголемени за 2.806 денари. Секоја година се зголемува просечната плата до 5 проценти, минималната плата сега е зголемена за близу 3.000 денари, само нашите вработени немаат добиено ништо. Помлад соработник во 2012 година земал 20.000 денари плата, сега зема 22.000 денари. Надлежните треба да знаат дека вработените во администрацијата се крајно незадоволни“, рече Деановски.