Портпаролите на Владата, Душко Арсовски и Муамет Хоџа информираа дека во рамките на министерската конференција во Берлин, министерот за земјоделство, Љупчо Николовски и министерот за земјоделство на Бугарија, Иван Иванов, постигнале договор да се обезбеди пченица од Бугарија за Северна Македонија, а количините дополнително ќе се прецизираат откако ќе се увидат потребите на домашната мелничка индустрија.

Во однос на увозот на пченица од Србија, како што истакнаа портпаролите, ресорните министерства од двете држави се во постојана комуникација и  се очекува деновиве српската влада да ја укине забраната за нашата земја за извоз на пченица, пченка, брашно и масло за јадење.