Анализата на сателитски снимки на New York Times ги отфрла тврдењата на Русија дека убиствата на цивили во Буча, предградието на Киев, се случило откако нејзините војници го напуштиле градот.
Кога викендов се појавија слики од тела на мртви цивили кои лежат на улиците на Буча – некои со врзани раце, некои со прострелни рани во главата – Министерството за одбрана на Русија ја отфрли одговорноста. Во објавата на Телеграм во неделата, Министерството сугерираше дека телата неодамна биле ставени на улиците откако „сите руски единици целосно се повлекле од Буча“ околу 30 март.
Русија тврдеше дека сликите се „уште една измама“ и повика на итен состанок на Советот за безбедност на ОН за, како што рече, „провокации на украинските радикали“ во Буча.
Satellite images refute Russia’s claim that the killing of civilians in Bucha, a suburb of Ukraine's capital, occurred after its soldiers had left town, a New York Times analysis found. https://t.co/yTsRuItPuA
— The New York Times (@nytimes) April 5, 2022
Но, прегледот на видеа и сателитски снимки на NYT покажува дека многу од цивилите биле убиени пред повеќе од три недели, кога руската војска го контролирала градот.
Едно видео снимено од член на локалниот совет на 1 април покажува повеќе тела расфрлани по улицата Јаблонска во Буча. Сателитските снимки доставени до медиумот од Maxar Technologies покажуваат дека најмалку 11 од нив биле на улица од 11 март, кога Русија, според свои информации, го окупираше градот.