Го повикуваме Каевски иста прес конференција да одржи и пред МНР и пред Владата и да ги отвори истите сомнежи за Османи, Заев и Димитров, велат од ВМРО-ДПМНЕ. Коментирајќи ги обвинувањата на СДСМ дека Мицкоски бил во Унгарија и се сретнувал со Груевски.

-Кога Мицкоски се среќава со официјални лица од Унгарија, министри и премиерот Орбан тогаш СДСМ не бира средства да ги навреди нашите големи пријатели и пријатели на Македонија, а кога Османи, Димитров и Заев се среќавале тогаш благодарни сме за поддршка од официјална Будимпешта.

Ваквата погрешна политика ве одведе кон дебакл во двата круга на локалните избори, а ќе ве одведе и во катастрофален пораз на следните предвремени парламентарни избори. Го потценувате народот.

Ваквата политика на поделби за жал создава повеќе противници отколку пријатели и во земјите членки на ЕУ. Наместо да го поздрават гестот со кој беше поканет Мицкоски заедно да ги следи резултатите со премиерот Орбан, можност да се добие поддршка повеќе од еден од најстабилните ЕУ лидери и сигурно земја која е помеѓу највлијателните во Централна Европа, СДСМ се служи со навреди, конструкции и сее омраза кон докажани пријатели на Македонија!

За истите вакви лажни обвинувања и манипулации СДСМ беше осудена за ширење на клевети во случајот на суд со претседателот Мицкоски, велат од ВМРО-ДПМНЕ.