Во рамки на вежбата „БЛЕСОК 22“ во касарната „Јане Сандански“ во Штип отпочнаа првичните активности за оценување на лесниот пешадиски баталјон по елементите во мирновремени локации. Притоа се оценуваа документацијата и плановите, постапките и опремата во однос на подготовеност за распоредување на терен.