Вечерва зградите на Владата, Министерството за одбрана и Министерството за надворешни работи светат во боите на НАТО.

-4 април е Ден на НАТО кога сите сојузници сме сплотени заедно повеќе од кога било.

Исправени сме пред нови геополитички предизвици во време кога на европскиот континент сведочиме за воената агресија која се случува во Украина а притоа се потсетуваме дека нашата сила е единството на Алијансата, порача премиерот Ковачевски.