Граѓаните на Унгарија излегоа на избори во голем број, што беше само по себе знак дека конзервативниот премиер Виктор Орбан ќе однесе уште една победа и ќе освои четврти по ред мандат.

Според првите проекции Орбан и натаму ќе ја предводи Унгарија. Првичните резултати покажуваат дека национално-конзервативната граѓанска алијанса на премиерот Виктор Орбан, позната под името Фидес, може да се надева на 121 место во парламентот, додека опозицијата би освоила 77 места.

Тоа би значело прилично убедлива победа за Орбан, но сепак не двотретинска победа.

Гости на Орбан биле претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски и потпретседателот на партијата, Александар Николоски.