Отпочнувајќи ги статутарните процедури за одржување на редовниот Петти Конгрес, Централниот одбор на НСДП денес во Скопје одржа седница на која беа донесени сите потребни одлуки за успешно спроведување на внатрепартиските процедури.
Централниот одбор го определи 04.06.2022 како датум за одржување на Конгресот, донесувајќи и одлука за формирање на Одбор за подготовка и спроведување на предконгресните активности. На седницата беше донесена одлука со која општинските организации се задолжија да одржат локални Конференции.
Централниот одбор ја утврди постапката, начинот и критериумите за избор на делегати за Конгресот, како и Правилникот за постапката, начинот и критериумите за кандидати за Претседател на партијата и кандидати за членови на Централниот и Надзорниот одбор.
Помеѓу другото, на седницата на Централниот одбор беше реафирмиран ставот на НСДП за промена на изборниот модел, односно за потребата од воведување на пропорционален изборен модел, без изборен праг и со една изборна единица.