Ветерот откорната кровна конструкција на зграда на улицата „Симеон Кавракиров“ во населба Мичурин, информациите ги објави порталот Локално. ВО текот на денешниот ден времето е променливо, со сончеви, но и облачни периоди, доста свежо, а повремено дува и силен ветер..

-Според првичните информации има паднато кров од зграда на улицата „Симеон Кавракиров“ во Аеродром, досега нема пријава за повредени лица. На лице место има полициски службеници кои го обезбедуваат местото, а интервенира и противпожарната единица Скопје за отстранување на кровот, велат во изјава за „Локално“, од МВР.