Потсекретарот на ОН за хуманитарни прашања, Британецот Мартин Грифитс, во недела ќе престојува во Москва во обид да воспостави „хуманитарен прекин на огнот“ во Украина, изјави вечерва генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш.
– Грифитс ќе биде во Москва во недела, а потоа ќе замине за Киев, изјави Гутереш додавајќи дека на Грифитс неодамна му била доделена мисија да најде решение за хуманитарен прекин на огнот во Украина.
Гутереш рече дека не се откажува од можноста за прекин на борбите, без разлика дали е тоа во Јемен или во Украина или насекаде во светот.
– И Русија и Украина се согласија да го примат Грифитс, додаде генералниот секретар на ОН, без да даде други детали.