СДСМ ќе треба да му плати оштета во висина од едно евро со камата на опозицискиот лидер, Христијан Мицкоски, откако судот пресуди во негова корист по тужбата за клевета и навреда.

Од владејачката партија ќе треба да ги покријат судските трошоци од 12 илјади денари, а пресудата на свој трошок да ја објават во најчитаниот дневен весник.

Судот пресудил дека, СДСМ, му наштетил на угледот на Мицкоски, изнесувајќи го тврдењето дека „антизападниот пион Мицкоски му е продолжена рака на Груевски „, и дека тоа претставува навреда.

Клевета, пак,  за судот е тврдењето дека е „пион кој се збогатил благодарение на неговиот ментор„ и дека „во 2015 та Груевски му доделил преку неговата фирма „ЕНЕРГОТЕК ДОО„ 33 илјади квадратни метри државно земјиште за изградба на хидроцентрали, како и дека фирмата е 99 проценти во сопственост на Мицкоски, а не 7 отсто, како што тврди самиот„.