Пописот е завршена работа, не може да се прават дополнителни проверки на тие што не се попишале во септември – појаснува за Канал 5 директорот на статистика Апостол Симовски.

Според него, ниту законски измени со кои тоа би се овозможило не се опција, бидејќи смета дека сите граѓани имале доволен период да се попишат. Сепак, за тие 132 илјади граѓани, Симовски вели дека се обезбедени клучните податоци, а такви вели, не се етничката и религиската припадност, како и јазикот кој го говорат.

-Секогаш постои опасност, ако нешто такво слично направите, да интервенирате во базата во тој случај, импутирате нови информации и постои опасност да промените и други информации кои што претходно биле во базата. Тоа е недозволиво и од безбедносен аспект. И затоа кажувам, имате закон, а вие со тоа кршите закон. Тоа е вемозможна мисија и никаде во светот не е пракса. Политичарите не прават попис, таа е стручна, а не политичка операција, вели Симовски.